ВМРО-ДПМНЕ: Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со израелско македонската фирма која го развила шпионскиот софтвер Предатор, а сега е на црната листа на САД?

Од:

Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со израелско македонската фирма која го развила шпионскиот софтвер Предатор, а сега е на црната листа на САД прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– САД ја ставија на црна листа фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор, за кој канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани. Причината за ставање на црната листа како што се наведува е нарушување на сајбер-безбедноста. САД сметаат дека фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа, ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот. Според грчки истражувачи неодамна беше нотирано дека Македонија го има купено софтверот за шпионажа Предатор. Ковачевски немаше реакција. Загрижувачки е што сите информации кои излегоа во јавноста од меѓународните истражувачи кажуваат дека софтверот за следење на комуникациите Предатор бил незаконски развиен во Скопје од страна на компанијата Сајтрокс и комплексна мрежа од фирми поврзани со израелски бизнисмен. Дополнително на тоа е нотирано дека истиот подоцна е продаван ширум светот, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ