А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Како се наближува датумот за избори така е поголем стравот во СДСМ

by А1он07/10/2016 - 13:27100
Share0

„Како што наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така се поголеми и поголеми стравот и паниката во СДСМ.

Добивај вести на вибер

Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека на 11-ти декември народот ќе избере програма и проекти, а не деструкција, криза и манипулации. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека е до ѕид и веќе нема бегање од судот на граѓаните.

Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ. Целата јавност беше сведок и дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија.

Се прочисти списокот и тој е речиси идентичен со списокот од кој СДСМ загуби со 200.000 гласови разлика пред две години. Формирано е и ад-хок тело. Бегање од избори за СДСМ веќе нема.

Не минуваат апсурдните изговори, писмата до амбасади и неразумните предлози.

СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември да се соочи со народот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ ќе мора да го видат и доживеат мислењето на граѓаните за двегодишната криза во која што ја втурнаа земјата.

СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе мора да се соочат со казната од граѓаните за сета деструкција и за блокирањето на сите процеси и проекти кои го подобруваат животот на секој човек во Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:47

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен