А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Како фирмата Си Ен Џи Системс ги добива тендерите за гас во општина Струмица?

by А1он10/01/2017 - 14:03328
Share0

ВМРО-ДПМНЕ прашува како фирма со само еден вработен, без никакви средства и без никаков имот редовно ги добива тендерите за гас во општина Струмица и колку пари инкасирала фирмата на Митко Андреевски во изминативе три години.



Добивај вести на вибер

– Најважно од се е дали фирмата Си Ен Џи Системс ги исполнува сите услови кои ги побарува ЈП Струмица гас за да го добие тендерот за набавка на гас во општина Струмица, рече Христијан Делев на денешната партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.



Тој праша дали Митко Андреевски бил еден од најблиските советници на Бучковски кој бил инволвиран во партискиот скандал кога вртел по емисии и го манипулирал јавното мислење преку службен телефон од Министерството за одбрана.

– Граѓаните на Република Македонија очекуваат надлежните институции сериозно да ги истражат тендерите за набавка на гас во општина Струмица и да одговорат дали Митко Андреевски, актуелен претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ е основач на фирмата Си Ен Џи Системс која редовно ги добива тендерите во Струмица, рече Делев.

Неопходен е одговор, подвлече, и дали 

фирмата не поседува никаков имот, ниту средства за извршување на дејноста која ја врши, дали има само еден вработен и дали е регистрирана на адресата „Атанас Раздолов“ бр. 14 во скопската населба Драчево, во семејна куќа на родителите на неговата сопруга.


- Граѓаните мора да знаат како и во чии џебови завршуваат нивните пари. Времето на „бонбона бизниси“ заврши. Доста е со криминал, потенцира Делев.

dpmnestrumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:2508/02/2026 - 15:13

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен