ВМРО-ДПМНЕ: Како директорката на Груби, Мерита Мустафаи, гради хациенда на Попова Шапка со директорска плата

Од:

Како директорката на Груби, Мерита Мустафаи, гради хациенда на Попова Шапка со директорска плата, зошто не ја пријавува и има ли поврзаност со акредитацијата на Метролаб блиска до Груби. Директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи, во својот анкетен лист нема пријавено имот – хациенда на Попова Шапка од 150м2, сопственост на нејзиниот сопруг велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Хациендата Мустафаи ја градат во 2020 година, а веќе следната 2021 таа е изградена, за тоа време директорката на Груби Мустафаи е директор на Бирото за метрологија, истото Биро, кое дава акредитација на Метролаб, основана од шалтерски работник кај братот на Артан Груби, за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво. Зошто директорката на Груби, Мустафаи, не ја пријавила хациендата на Попова Шапка во нејзиниот анкетен лист и имали доказ за потекло на средствата со кои е градена истата? Сомнително е што директорката на Груби, Мустафаи, има два стана во Тетово, од кој вредноста на едниот соодветствува со висината на кредитот земен истата година, но истата нема пријавено дополнителни средства, од кои би можела да се финансира изградбата на хациендата. Директорката на Груби, Мустафаи, да каже од кои пари е направена хациендата на Попова Шапка. ДКСК и ЈО да отворат постапки се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?