ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да докаже како ги стекнал 4 милиони на сметка, хациендата во Волково и станот кој го купил сам

Од:

„Каевски да докаже како ги стекнал 4 те милиони на сметка, хациендата во Волково и станот кој го купил сам, ДКСК да отвори случај. Дарко Каевски има само 30тина години, а на сметка има 4 милиони. Тоа се пари за кои луѓе да ги заработат работат 30 години. Како Каевски со чиновничка плата успеа да ги заработи за 5 години“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително кога ќе заврши со докажување на потеклото на парите на сметка, нека каже од каде му се парите за станот во Кисела Вода од 60 м2?

Каевски должи одговори и дали луксузната хациенда на местото на неговата стара куќа во Волково е изградена дивоградба додека тој бил директор на Агенцијата за млади и спорт, а со Ѓорче Петров управуваше СДСМ?

ДКСК да не молчи пред овие очигледни докази и да отвори случај за Дарко Каевски.

Каевски мора да докаже како со чиновничка плата до имот од над 8 милиони денари, за кој тврди дека е негов“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус