ВМРО-ДПМНЕ: Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково, зошто селото нема пат и квалитетна струја, а има столб од 20 метри

Од:

„Каде е Ковачевски да го искоментира столбот во Липково на ДУИ? Во Битола бугарско здружение за ликот на Михајлов, во Липково 20 метарски столб на УЧК. Има ли оваа држава премиер и институции? Дали СДС наместо инвестиции сега поддржува градење столбови и споменици“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Ковачевски на ова аплаудира, или негодува? Зошто Липково нема квалитетна патна мрежа, а има столб од бетон висок 20 метри? Зошто Липково нема квалитетна струјна мрежа а има споменик, и дали споменикот ќе ги врати иселените од Липково?

Ветуваа Европа, а донесоа бетонски столбови. Колку вреќи пари СДСМ и ДУИ ќе украдат во име на столбот во Липково?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ