ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра

Од:

„Јавното обвинителство молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра. Ги повикуваме ЈО и сите останати институции да отворат истрага за Петре Шилегов и Душко Весковски. Предадовме документи во ЈО од кои јасно се гледа дека ЈП Водовод вовел фирма во работа, која ги завршила градежните зафати, а дури два месеци потоа распишале тендер и потпишале договор за да ја исплатат фирмата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалите на Шилегов не застануваат тука. Профитерот Шилегов нема тендер во последните две години кој не е потпишан на сума скоро иста со сумата која е предвидена за постапката. Скоро и да немало наддавање.

Воочлива е играта на Шилегов. Дали некој од СДСМ кажува кои фирми може, а кои не да учествуваат на тендери.

ЈО има повеќе од доволно докази за да отвори случај и да подигне обвиненија против Шилегов кој очигледно години наназад ги злоупотребува јавните финансии.

Работењето на Шилегов како и на сите други градоначалници кои работеле криминално ќе биде предмет на ревизија, а потоа ќе следуваат и пријави веднаш по промената на власта. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните ќе има“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ