ВМРО-ДПМНЕ: Јасно е дека СДСМ е разочаран од препораката

Од:

Јасно ни е дека луѓето од СДСМ се разочарани. Македонија ја доби препораката за почеток на преговори со Европската Унија, иако СДСМ макотрпно работеа тоа да не се случи, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Лидија Димова, претседателка на Комисијата на СДСМ за европски прашања.

„Залудни се сите обиди за намалување на значењето на оваа препорака од страна на СДСМ, но со вакви прес конференции нема да успеат да го тргнат срамот од себе. СДСМ работеше спротивно од држаните интереси на Република Македонија и од интересите на сите граѓани на нашата држава. Добиена препорака од Европската Комисија е резултат и потврда на добро одмерените реални состојби во државата. Како и во сите извештаи до сега, не само за Република Македонија, туку и за останатите земји, секогаш има елементи кои се пофалени, односно оценети како напредни, но и елементи каде што се очекува поголем ангажман од страна на сите релевантни чинители во општеството“, се наведува во соопштението од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски