ВМРО ДПМНЕ: Јанчева треба да збори за тоа што ниту еден извештај на кримогените директори на Шилегов не доби согласност од Советот

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на прес конференцијата на Љубица Јанчева од СДСМ и велат дека таа е најнеспособната претседателка на Советот на Град Скопје.

„Јанчева треба да збори за тоа што ниту еден извештај на кримогените директори на Шилегов не доби согласност од Советот и тоа што по 4 години лажење на Шилегов седниците од Советот се пренесуваат во живо.

Прес конференциите на Љубица Јанчева нема да го спасат криминалното работење и запуштање на градот од страна на Шилегов и СДСМ.

Матните зделки на Шилегов и неговите директори излегуваат на виделина.

Шилегов додека беше градоначалник на Град Скопје лажеше дека има пренос во живо од седниците на Советот на Град Скопје.

Првата седница градоначалничката Данела Арсовска ја направи јавна и достапна за сите медиуми.

Љубица Јанчева е најнеспособната претседателка на Советот на Град Скопје, таа е иста како нејзиниот шеф Петре Шилегов.

Извештаите на криминалните директори кои што ги постави Петре Шилегов укажуваат на недомаќинско трошење пари на граѓаните, зголемени трошоци за вработувања и превработеност во структурата на претпријатијата.

Имено, Извештајот за работата на Водовод покажува недомаќинско работење и неразумно трошење.

Тука е и Извештајот на претходната администрација на градот, постои слаба реализација на проекти, а постојат и неколку ставки од Извештајот каде што воопшто не се предвидени средства за проектирање на вистински решенија за граѓаните.

Потребни се под итно ревизии на финансиското работење на претпријатијата“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот