ВМРО-ДПМНЕ: Јанчева и Шилегов трошеле десетици илјади денари по кафеани, а плаќале по фактури без тендер

Од:

„Јанчева и Шилегов трошеле десетици илјади денари по кафеани, а плаќале по фактури без тендер. На неколку дена пред Нова Година Љубица Јанчева како претседател на Совет од СДСМ и Петре Шилегов како градоначалник на Град Скопје од СДСМ потрошиле над 90.000 денари за гоштевање во кафеана. Тие фактурата ја доставиле за плаќање до секторот за финансии во Градот, иако им е укажано дека не можат да доставуваат фактури за сметки од угостителски објекти со кои претходно Градот нема склучено договор“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Јанчева и Шилегов буквално без тендер исплатиле 90.000 денари кон кафеана за флаши виски кои ги пиеле и за бифтеци на путер.

Јанчева и Шилегов пиеле виски старо 12 години додека половина милион луѓе едвај врзуваат крај со крај.

Општините и Градот Скопје се донесени во незавидна положба од кадрите на СДСМ, а од СДСМ сега во страв напаѓаат зошто се свесни дека на виделина ќе излегуваат сите нивни криминали“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност