ВМРО-ДПМНЕ ја укинува лустрацијата

Од:

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог – закон до Собранието за престанување на важење на Законот за лустрација.

Според овој предлог -законот, работата на Комисијата за верификација на фактите завршува успешно и затоа се наметнала потребата за укинување на Законот за лустрација, јавува 24 Вести. 

Законот се предвидува да важи од 1 септември. Нови лица за коишто постапката нема да заврши до 1 септември, нема да бидат лустрирани.

Укинување на Законот и ревидирање на процесот беше и една од главните барања на бриселските експерти предводени од Рајхард Прибе.

Во процесот на лустрација досега беа опфатени реномирани личности, познати како критичари на власта, како режисерот и екс прв човек на фондацијата СОРОС, Владимир Милчин, професорот и екс министер за внатрешни и надворешни во владите на СДСМ Љубомир Фрчкоски, главната уредничка на „Фокус“ Јадранка Костова, екс министерот за култура во една од владите на СДСМ и нивен екс портпарол Ѓунер Исмаил и други.

Првиот лустриран, поранешниот судија на Уставен суд Трендафил Ивановски, ја доби жалбата во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска