ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќa опозициската иницијатива за надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати денешната иницијатива на опозициските партии СДСМ и Левица за свикување надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се разговарало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот.

– Ја прифаќаме нивната заедничка иницијатива за надзорна расправа за квалитетот на воздухот. И двете партии се во коалиција исто така и со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, едната во формална, едната во неформална коалиција, си имаат поделено повеќе директорски места. Сметаме дека се направени услови и спремни сме да дискутираме за се што е направено и се што не е направено во изминативе години на полето на амбиенталниот воздух, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Нагласи дека ќе овозможат дискусија на која, како што рече, ќе имаат можност да дискутираат за сите конкретни планови што Владата ги презема на полето на животната средина.

– Би сакал и како претседавач на Интерпартиската група за заштита на животната средина, да укажам дека пред неодамна ја формиравме истата, и секако имавме во план да развиеме дискусија на овие теми, каде што и предметните партии имаат свои претставници. Но, во ред. Се одлучија да тераат политика на ова поле, ќе ја овозможиме дискусијата и ќе имаме можност не само да подискутираме се што е направено и се што е ненаправено, туку да можеме да подискутираме и за сите акциски планови и конкретни мерки што ги презема Владата и институциите на полето на подобрување на животната средина, рече Јаревски.

Пратениците на опозициските партии СДСМ и Левица денеска покренаа иницијатива за свикување надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се расправало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот.

Како што посочи пред медиумите пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, таа иницијатива произлегува од, како што рече, поразителните резултати за квалитетот на воздухот.

Интенција е, како што појасни, во рамки на Парламентот преку деловнички и законски инструменти да се разговара за прашањето за животната средина, а како прашање што ги засега сите граѓани без исклучок, би требало да ги обедини и сите пратеници во Собранието.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица