ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ја подготви иницијативата за распуштање на Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во текот на денот ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Ова го најави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бара да се формира преодна влада и да се организираат предвремени избори заедно со вториот круг на претседателските избори во мај годинава.

„Бараме Зоран Заев да поднесе оставка и да си замине од оваа Влада на СДСМ бидејќи направи доволни штети за две години. Како никогаш досега Македонија не била понижена и разочарана, а граѓаните осиромашени, со постојана желба за иселување. ВМРО-ДПМНЕ мора да стави крај на ова назадување. Заев и СДСМ мора да си одат заедно со нелигитимните пратеници. ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да ги коригира последиците од сите штетни политики. Затоа бараме предвремени избори заедно со претседателските“, додаде тој.

Мицевски вели дека оваа иницијатива ја поднесуваат бидејќи СДСМ одолжува и бега од избори. „ВМРО-ДПМНЕ даде предлог уште пред 15 дена, но гледаме дека се одолжува“, вели тој. Според него, изборите може да се организираат на 5 мај доколку има политичка волја.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски