ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата, објаснија дека се против одземање на мандатот на Груевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е против одземање на мандатот на Никола Груевски, ја напуштија салата откако образложија дека се работи за политички прогон.

„Се врши политички прогон, се бара одземање на мандат на пратеник, долгогодише премиер на држава. Ова води кон морална девастација. Дали сте свесни дека постапувате спротивно на Уставот, согласно чл. 98 судската власт е независна и самостојна. Македонија денеска нема судство, пратениците се судат во политички монтирани процеси. За Груевски во пресудата не е докажана штетата. Предметот кој е доказ во случајов е во други раце, се користи уште за странски гости. Политички процес, кој е потребен да се дефокусира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против одзмање на мандатот“ изјави Трајко Вељаноски.

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.

За одземање на иминутетот на некогашниот премиер потребно е двотретинско мнозиство, а осумте опозициски кои претходно ги поддржаа уставните измени минатата недела се изјаснија дека нема да поддржат одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски