ВМРО-ДПМНЕ: Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа

Од:

„Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа. ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година кога Заев го спремаше договорот кажа дека тој е асиметричен, со права за Бугарија, а обврски за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И најголемите бугарски шовинисти не можеа да поверуваат дека Заев и СДСМ како договорна материја ставаат тези кои и тие самите никогаш не ги кажале. Дури и покојниот Божидар Димитров беше фрапиран од Заев, и го сметаше договорот за апсолутна победа на Бугарија. Од тој договор навака сите барања на Бугарија се уште полоши и понегаторски.

Тоа што Ковачевски го турка денес е надградено од тоа Заев што го постави пред 5 години. Протоколот и договорот не враќаат назад, а не не водат напред. За да помине се потребни се уставни измени, кои ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи.

Излез од оваа криза и од понижувањата за Македонија се само предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски