ВМРО-ДПМНЕ: Изразуваме силно несогласување со постапката на Иванов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение изрази несогласување со денешната постапка на претседателот Ѓорге Иванов.

– ВМРО-ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов. ВМРО-ДПМНЕ не се сомнева дека претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно. Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, оние што ја предизвикале политичката криза преку интриги и деструктивно однесување треба и мора да одговараат.

– Сметаме дека со овој потег се оневозможува нашата волја и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации, кои ни беа наметнувани и беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио. Со многу работи со претседателот Иванов сме се согласувале и имаме високо мислење за него, затоа што секогаш се водел од државниот и национален интерес, но ова е прашање за кое имаме сериозни и длабоки несогласувања, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски