ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите од СДСМ се чисто дневно политиканство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ како дневно политиканство ги оцени денешните обвинувања од страна на СДСМ дека уставните амандмани кои вчера беа утврдени во македонското Собрание се проблематични од аспект на нивниот легитимитет, нивната формулација и целта заради којашто се туркаат.

– Oднесувањето на СДСМ не е одговорно бидејќи тие не се вклучија со никакви конкретни, конструктивни и креативни предлози во врска со предложените измени на Уставот на Република Македонија. Госпоѓата Рената Тренеска и целата пратеничката група на СДСМ имаа и имаат формална можност да учествуваат во оваа процедура како пратеници на Собранието на Република Македонија, но тие и понатаму избираат само да земаат плата и со ништо да не ја одработат. Ваквите изјави од СДСМ се чисто дневно политиканство, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги потсетуваме, се додава во реакцијата, колегите од СДСМ дека тие се избрани од граѓаните кои што им дале право, но и обврска да ги застапуваат во рамките на институциите на системот.

– Никој, ама баш никој, не им го ускрати правото ниту да се произнесат, ниту да дадат идеи, ниту да дадат креативни предлози, ниту да предложат амандмани, ниту пак да учествуват во работата на Собранието и на тој начин да помогнат во донесувањето на подобри решенија, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека овие уставни измени се носеа во најтранспарентна процедура како никогаш до сега, со организирани огромен број на јавни расправи и дебати во рамките на институциите на Република Македонија, но и на повеќе факултети низ државата.

– Измените се усогласуваа со ставовите на Венецијанската комисија и со ставовите на Европската комисија и претставуваат еден позитивен сублимат чија цел е да се подобри начинот на функционирање на уставниот поредок на Република Македонија во повеќе различни сегменти. За уставните измени постои широк општествен консензус, се додава во партиската реакција.

Со овие уставни измени сметаат од ВМРО-ДПМНЕ ќе се воведат значајни реформи и подобрувања во судската власт, воведување на финанскиска дисциплина во државата, уставно регулирање на бракот врз основа на општо прифатениот вредносен модел во нашето опшество, воведување на нов институт на уставна жалба со која ќе се продлабочи можноста за заштита на човековите права, дополнително зајакнување на независноста Државниот завод за ревизија и Народната банка на Република Македонија и ќе се овозможи во Македонија да се формира слободна финансиска зона која што би била забрзувач на економскиот развој на Република Македонија. 

Би можело да ве интересира

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски