ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на партиското седиште транспарентно и законско

Од:

Целиот процес за изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ на ул. „Македонија 17а“ е транспарентен и во согласност со законските нормативи. За изградба на своето седиште ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци, а со реализација на тој проект ќе обезбеди работа на градежни компании.

Тоа го наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение  преку кое оценува дека информацииите објавени во неколку медиуми за изградба на партиското седиште се со намера да предизвикаат погрешно интерпретирање на вистината со цел нанесување политичка штета.

Потсетуваат дека  врз основа на одлуки на Извршиот комитет  од 25.06.2012 година и на Централниот комитет од 01.07.2012 година е распишан јавен повик за доставување понуди за соинвеститор за изградба на градежен објект на земјиште што е во сопственост на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Целиот процес е транспарентен и во согласност со законските нормативи. Ваквиот јавен повик е објавен во четири дневни весници (весниците Нова Македонија, Вечер, Дневник, Утрински весник) во деновите 10.07.2012 и 11.07.2012 година, што е показател дека градежните активности не се тајна, а пошироката јавност беше навремено информирана, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно условите пропишани во јавниот повик, појаснуваат, тоа земјиште се гради во соинвеститорство, односно понудувачите понудија процент од бруто развиената површина кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште (во случајов ВМРО-ДПМНЕ), што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде под 30 проценти од бруто развиената површина.

– Тоа значи дека приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возврат треба да отстапи најмалку 30 проценти од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Таквата одлука, според партијата, е донесена пред се поради старата и дотраена повеќедецениска зграда, повеќекратните трошоци за нејзиното одржување кои се зголемувале со оглед на нејзината дотраеност, како и недостигот на просторни услови. Новиот објект, посочуваат, ќе ги запази сите градежни правила, стилски и естетски ќе го разубави тој дел од центарот на градот.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сите информации за целиот процес се јавно достапни и замолуваат во интерес на правилното информирање и запазување на принципите на објективното новинарство да не се шпекулира и да не се злоупотребува аголот на информирање.

– Уште еднаш нагласуваме дека за изградбата на објектот ВМРО-ДПМНЕ не сноси никакви трошоци, а неговата реализација ќе обезбеди работа на градежни компании, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он