ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на претседател на Собранието треба да е во согласност со Уставот, законите и Деловникот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски и Христијан Мицковски се сретнаа со Карен Пирс, политички директор во Министерството за Надворешни работи на Велика Британија.

На средбата, како што информира Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, било посочено дека покрај физичкото насилство кое не е прифатливо, политичкото насилство кое го промовира СДС е исто така неприфатливо преку незаконскиот избор на Талат Џафери, целосно кршејќи го Уставот и законите.

– Таквиот преседан, каде без записник, без пребројување, официјална најава и надвор од пропишаното време на работа на институцијата, на сила се обидува да се одбере претседател, преставува грубо рушење на правниот систем на државата. Изборот на претседател на Собранието треба да е во согласност со Уставот, законите и Деловникот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја посочиле опасноста таквиот преседан да води кон друг нов преседан и, како што се наведува, тоа да стане вообичаена пракса на непочитување на законите и правните прописи врз кој се засноваат самите институции.

– ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за време на расправата ги користеше сите законски и легални средства за парламентарна дебата каде низ демократски процес се дебатираше за суштинските прашања. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше реафирмиран ставот дека е недозволиво прифаќањето на тиранската платформа направена во друга држава, што е вовед во нарушување на унитарниот карактер на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања