ВМРО-ДПМНЕ: Испраќаат ТВ водителка и син на аналитичар на клучни позиции, ја срамат Македонија на секој чекор

Од:

СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на информациите кои се појавија ов јавноста за имињата на конзулите во Њујорк и во Чикаго.

– Именувањето на Бесмира Ујупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД? Дали Петри Муслиу позицијата ја добил заради тоа што неговиот татко ревносно ја брани владата на ДУИ и СДСМ? Дали ТВ презентерката Бесмира Ујупи се квалификувала за ваква позиција затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“? Ова ли се „тешкашите“ во дипломатијата кои ги најавуваше мафијата на власт? Пиунот Ковачевски и Бујар Османи должат одговори, но и одговорност за погубната дипломатија која ја водат. Не е ни чудо што и се случува на Македонија на меѓународен план, кога вакви кадри ја водат македонската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус