ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се претвораат во алатка за пресметка со сите кои не мислат исто како власта

Од:

„Македонија нема да биде демократска земја се додека се притвараат луѓе само заради тоа што имале храброст гласно да го кажат своето мислење и јавно да се спротистават на политиките со кои не се согласуваат. Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи.

Кривичниот суд надвор од секоја правна логика им ги продолжи притворите на дел од осомничените за настаните од 27 април. Судот наместо да одлучува врз основа на фактите, реши да ги задоволи неаргументираните барања за продолжување на притворот од страна на ЈО кое конструира политички мотивирани истраги.

Во ниту една друга држава во демократскиот свет уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и истакнати граѓани не се жртви на монтирани судски случаи само затоа што изразиле незадоволство од одредени политики. Правото во Република Македонија е сериозно девалвирано. Институциите се претвораат во алатка за пресметка со сите кои не мислат исто како власта.

Демократијата и владеењето на правото мора да се вратат. Институциите мора да функционираат за потребите на граѓаните, а не за потребите на елитата на власт. Република Македонија мора да биде правна држава, во која ќе се почитуваат основните човекови права.

Неосновано притворените за настаните од 27 април се лишени од основните права во постапката. Презумпцијата на невиност како основен принцип на кривичната постапка е прекршена. Тоа го потврди и Народниот правобранител.

Полицијата ги пречекори овластувањата, судовите одлучуваат по конструирани обвиненија, а кршењето на законите продолжува и во притворските установи.

Оваа злоупотреба на институциите не смее да продолжи. Правото мора да важи подеднакво за сите. Граѓаните на Република Македонија тоа го заслужуваат. Политичкиот прогон мора да престане“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски