ВМРО-ДПМНЕ: Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат

Од:

„Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат. Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани.

И откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот.

Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност.

Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца. Одговорност за одговорните во институциите мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски