ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови парламентарни избори

Од:

„Криминогеното раководство на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев не можат да тргуваат со највисоките национални и државни интереси само за да се спасат и да не одговараат за криминалите што ги сториле.

Со самото прифаќање на против уставната Тиранската Платформа во целост ја втурнаа Република Македонија во процес на федерализација.

Нивното прифаќање на Тиранската Платформа беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно и јасно пред еден од претставниците на ДУИ кажа дека СДСМ како партија се согласува со сите точки од платформата.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на реализација на Тиранската Платформа и затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава.

Народот на Република Македонија го прочита аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата партија. Затоа секој ден стотици илјади граѓани по улиците низ градовите му порачуваат дека нема да му ја прифатат Тиранската Платформа и Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја воведе иднината на Македонија во прашање.

За иднината на Република Македонија, за атрибутите на унитарна и мултиетничка држава, ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови парламентарни избори, бидејќи гласот на граѓаните мора да се слушне. Доколку аболицираниот криминалец Зоран Заев смета дека треба да се прифати и реализира Тиранската Платформа, нека ја претстави во својата изборна програма, и граѓаните нека се изјаснат што мислат за неа.

Во спротивно револтот кај граѓаните секој ден се повеќе ќе расне.

Народот е на нозе! Македонија се буди!

Тиранската Платформа не поминува!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања