ВМРО-ДПМНЕ: Има за златни виљушки и чинии за Ковачевски, а за народот нема парно

Од:

Заевизмот го уништува стандардот на граѓаните. Додека народот нема парно, додека плаќа поскапа струја, додека едвај врзува крај со крај, владата набавува нов златен кујнски прибор за пиунот Ковачевски велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ете до каде води оваа однароденост на власта и одлепеност од реалноста. Децата на елитата од транзицијата кои јадеа со златна лажичка цел живот, сега ги трошат парите на граѓаните за да купуваат позлатен кујнски прибор. Граѓаните даваат милиони за приватни ковид тестови затоа што нема државни, трошат пола плата за сметки а другата половина за поскапени производи во маркетите, ама затоа државата има 37 илјади евра за позлатени чинии, лажици, вилушки, ножеви и кристални чаши за пиунот Ковачевски. Заевизмот забега целосно штом троши 88 евра за позлатена чинија, а во исто време имаме стотици илјади луѓе кои живеат со помалку од две евра на ден. 600 илјади луѓе живеат во сиромаштија, а власта на пиунот Ковачевски троши 140 месечни плати на еден работник за да набави луксузен прибор, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт