ВМРО-ДПМНЕ им одаде почит на осуммината загинати полицајци во Дива населба

Од:

„Ве молам првин за едно минутен молк во чест на 8 загинати бранители, припадници на специјалните единици на МВР, кои својот живот го изгубија во антитерористичка акција на 9 мај 2015 година, бранејќи го нашиот град и држава од терористичка групација.

Вечна им слава! Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои!“, рече Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исмед Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ ќе останат засекогаш врежани во македонската колективна меморија, како луѓе кои несебично се ставија во одбрана на својата татковина и заштита на Уставниот поредок на Република Македонија.

Голема е жртвата и на 37-те припадници на МВР кои беа ранети и десетиците кои учествуваа во акцијата. Сите ние сме вечни должници на нивната храброст и пожртвуваност за татковината.

Додека тие ја бранеа државата, Зоран Заев и Оливер Спасовски им свртеа грб на државата и граѓаните. Еден ден по антитерористичката акција отидоа со смеење и се сликаа на местото каде своите животи ги положија 8-те припадници на МВР.

Нивната жртва за татковината и храброста која ја демонстрираа заслужува најголема почест. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во таа насока на наредната седница на Советот на Општина Куманово ќе предложи подигање на споменик во чест на 8-те бранители, кои не се штедеа за државата.

Ги повикуваме советниците од СДСМ да излезат од партиската рамка и да го поддржат овој предлог за Република Македонија и нејзините храбри синови“, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми