ВМРО-ДПМНЕ: Или МВР нека го покаже работниот налог за викенд во Охрид на началникот на Алфите или истиот да си поднесе оставка

Од:

„Тоа што МВР го крие наводниот работен налог за началникот на Алфите кој бил на викенд во Охрид со службено возило е доказ дека сведоци сме на уште еден скандал и злоупотреба на службена должност.

МВР ТУРС продолжува со своите туристички тури во екот на летото. По турите до Солун, организираат и тури до Охрид.

Навистина е чудно како началник на единицата Алфи имал наводно работна задача во Охрид, а се знае дека единицата со која командува има надлежност само на територија на Град Скопје.

Или МВР да го покаже наводниот работен налог или Примислав Димовски треба да си поднесе оставка и да одговара за службена злоупотреба. За истото треба да одговара и Лазе Велковски каде има веќе констатирана злоупотреба. Законите мора да важат за сите.

За жал МВР стана дувло за злоупотреба на државниот имот во приватни цели. Спасовски и Заев со самиот чин што не покренуваат кривични постапки против прекршителите на законот се ставаат во заштита на криминалот.

Граѓаните очекуваат примена на правото, а не затскривање на прекршителите на законот. Сите законски прекршувања, кои функционерите назначени од СДСМ охрабрени од моменталната власт вршат законски прекршувања, ќе одговараат согласно закон откако во Република Македонија ќе се врати правната држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари