ВМРО-ДПМНЕ: И УЈП утврди дека Арсовска сепак должи на приватните превозници, Тачела коалицијата се служи со лаги

Од:

„И УЈП утврди дека Арсовска сепак должи на приватните превозници, Тачела коалицијата се служи со лаги. Според информации и документи објавени од медиумите, по потекло од УЈП се гледа дека Арсовска должи вкупно 1.5 милиони евра на приватните превозници, онолку колку што истите и бараат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска е фатена на дело, а Ковачевски ја има потврдата која ја бараше во однос на долгот. Сега да не се препукуваат и да се договорат кој ќе го плати долгот, исто како што се договараат за матните зделки.

Документите од УЈП потврдуваат заради кого Скопје беше блокирано со денови. Ковачевски и Арсовска се главни виновници за блокадите на Скопје, но и за тоа што нема доволно автобуси.

Директорот на ЈСП е кадар на СДС, и тој е директно одговорен за долгот кон приватните превозници. Александар Стојковски, директор на ЈСП е кадар на СДС назначен од Арсовска, тој е плод на коалицијата Тачела.

Бараме СДС и Арсовска да се извинат и да го исплатат долгот кон приватните превозници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ