ВМРО-ДПМНЕ: И на малите фирми ќе им биде компензирано за фискалните каси

Од:

На малите трговци, трговците поединци, занаетчиите ќе им биде одбиена сумата за фискалната каса преку намалување на обврската за плаќање на персонален данок на доход по годишна сметка, порачува ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Јован Митревски.

Владејачката партија вели дека во член 30-к од Законот за персонален данок на доход стои дека „Обврзникот кој е должен согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, да воведе и да користи одобрен систем за регистрирање на готовинските плаќања, му се намалува пресметаниот данок за набавени до десет фискални апарати, во висина на нивната вредност“.

„Значи и на малите фирми ќе им бидат рефундирани парите со одбиток од персоналниот данок. Што се однесува на многу ситните трговци пак, тие немаат обврска да водат книги и да воведат фискална сметка. Фискалните каси со ГПРС значат значително намалување на трошоците во поглед на административните работи на самите фирми, но и на Управата за јавни приходи. Воедно тие се уште една алатка за борба против сивата економија“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски