ВМРО-ДПМНЕ и Глас за Македонија: Итно да се расчисти нападот врз Љупчо Палевски

Од:

„Глас за Македонија“ бара итно расчистување на бруталниот напад, на среде улица, во среде бел ден, врз активистот Љупчо Палевски.

„МВР да не излегува со анемични изјави од типот ‘се работи на расчистување на случајот’, туку итно да преземе ефикасна и масовна акција за пронаоѓање на напаѓачите. Ова е тест за старо-новата власт: дали правдата ќе биде спроведена и кон нејзините критичари, или правдата и натаму ќе се дели по партиска основа. Ако случајот со Љупчо Палевски не биде бргу расчистен и напаѓачите не бидат казнети соодветно, ќе добиеме потврда дека живееме во држава со голем ризик, владеена од мафијашки структури“, велат од партијата.

Претходно, пак, лидерот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на „Фејсбук“ објави дека власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на инцидентот.

„Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него. И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“, напиша тој.

Бизнисменот Палевски попладнево бeше нападнат во Скопје од страна на две лица кои биле со мотоцикл  и го удриле со метален предмет. Тој е пренесен во една од скопските болници.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ