А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не откриваат детали од средбата Мицкоски – Ахмети

by Габриела Димковиќ-Мишевска07/08/2020 - 15:29894
Share0

ВМРО-ДПМНЕ не открива детали за сребата Мицкоски- Ахмети. Како што рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Спасовски на денешната прес-конференција не сакале предвреме да изнесуваат информации бидејќи преговорите уште се во тек и не сакале да му наштетат на процесот.

Добивај вести на вибер

„Имаше средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Али Алхмети од ДУИ, знаете вчера во Собранието, но не би сакал да откривам детали затоа што преговорите се уште траат и не би сакал да им наштетиме на процесите. Во однос на идните средби кои што ќе се закажуваат, би оставил да почекаме и штом бидат договорени ќе ве информираме“, рече Спасовски.

И од ДУИ молчат за исходот од вчерашната средба. Нема информација што побарал Ахмети од Мицкоски како услов за коалцирање и дали лидерите на двете партии успале да ги приближат ставовите.

Средбата траела еден час, во собраниските простории каде двајцата разговарале околу обезбедување на потребното мнозинство за формирање на Влада, но засега резултатот не е познат.

Како што велат од ДУИ, се прават напори да се надминат „недоразбирањата“ со доскорешниот коалиционенен партнер СДСМ кои се јавија за време на предизборната кампања, за да може да се изнесат конкретните барања кои ги има ДУИ и да се обидат да најдат компромис.

Што се однесува до информацијата дека ДУИ спореле околу тоа Заоран Заев биде мандатарот во новата Влада и побарале да биде друг функционер од партијата ова информација ја отфрлија како неточна. Велат дека се отворени за преговори со други партии, но првично ќе се сконцентрираат на средбите со СДСМ.

ahmetihristijan mickoski

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 09:49

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он18/03/2026 - 18:35

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 09:54

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:06

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 10:46

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он11/03/2026 - 19:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен