ВМРО-ДПМНЕ: Хотелски комплекс во Љубаништа ќе има и со и без Субрата

Од:

Проектот за изградба на туристички зони во Охрид ќе се реализираат без разлика дали ќе се јави на оглас Субрата Рој или не, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектот не е смислен само за него, туку за секој кој има интерес да инвестира во развојот на туризмот во Охрид, што треба да донесе отворање на нови работни места, како и повеќе странски туристи кои ќе придонесат во локалниот и поширокиот економски развој. Земјиштето на кое ќе се градат овие зони ќе биде екпроприрано во согласност со законот, како што се прави во секоја демократска земја кога се работи за интерес на граѓаните“, велат од владејачката партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека земјиштето нема да се откупува по цени од 2-3 евра од квадрат, туку по пазарна цена, при што единечната цена по парцели се движи од 200 до 1500 денари по метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче