ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да оствари барем едно ветување, да си поднесе оставка и да престанат заканите кон пратениците

Од:

„Губитникот Заев да оствари барем едно ветување, да си поднесе оставка и да престанат заканите кон пратениците кои ја рушат владата. Деветти ден, откако Заев требаше да биде заминат, а тој наместо да си поднесе оставка се крие“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека се крие Заев, луѓе околу него, и тој лично вршат притисоци врз пратениците кои ја рушат владата.

Притисоците на Заев не даваат плод, народот веќе еднаш ги порази неговите притисоци на 31 октомври, ќе ги порази пак.

Колку повеќе СДСМ притиска и се заканува, толку повеќе народот се разгневува и казната и падот ќе бидат политички фатални за СДСМ.

Ги повикуваме и пратениците од СДСМ кои не се согласуваат со политиките на Заев, со криминалот, корупцијата и рекетот на една тесна клика која ја заробила и нивната партија, да се охрабрат и да изгласаат недоверба на владата.

Време е државата да се ослободи од Заев и тесната клика околу него која го држи целиот систем во заложништво“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ