ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е жртва на политичкиот прогон кој го спроведува криминалната власт

Од:

„Партиското „Кацарска судство“ и аболицираниот Зоран Заев ја уништија демократијата и правдата во Република Македонија. Криминалниот картел на власт преку партиското „Кацарска судство“ спроведува политички прогон во монтирани случаи против сите неистомисленици на Зоран Заев.

Партиското и клиентелистичко „Кацарска судство“ без никакви докази и правни аргументи носи неиздржани пресуди кои се диктирани од единствениот аболициран политичар во Европа Зоран Заев.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер, Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон кој го спроведува криминалната власт против секој кој им се спротивставува во распродажбата на државните и националните интереси.

„Кацарска судството“ го осуди Никола Груевски во политички монтиран процес без никакви докази во случај во кој што нема ништо спорно.

Целиот случај е правен преседан бидејќи набавката на автомобилот е спроведена преку јавен тендер, а после изборот на компанијата која ќе го набави, немаше никакви забелешки. Не е остварена противправна имотна корист, не е нанесена штета, а автомобилот останува на Република Македонија.

Сето ова е политичка хајка против опозицијата и има цел на секаков можен начин да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, за аболицираниот криминалец Зоран Заев да има слободен и чист терен додека ја ограбува државата и продава се што е македонско.

Зоран Заев преку партиското судство испраќа порака до сите политички неистомисленици дека никој не смее да му застане на патот во ограбувањето на државата и спроведувањето на капитулантскиот договор со кој го менува името и се откажува од идентитетот, јазикот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија.

Додека аболицираниот Заев зад затворени врати ја спроведува капитулацијата на Македонија, истовремено државата се повеќе тоне. Економијата е на дното, граѓаните се повеќе посиромашни, а од животот кој беше ветуван добивме само беда.

Македонија повеќе не смее да биде заробена држава и заложник на аболициран криминалец. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата и продажбата на државните и национални интереси. Заев и СДСМ ќе ги стигне казната од граѓаните за целото зло кое и го нанесуваат на Македонија. На крајот граѓаните и Македонија ќе победат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии