ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение велат дека првиот вицепремиер Артан Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање.

„Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту спор кој има безбедносен карактер. Обидот на Груби и на власта да градат на таа теза преговори е поразително за државата.

Македонија е земја членка на НАТО, и со тоа сите безбедносни прашања се затворени. Во рамки на границите на државата има министерство за внатрешни работи кое ја чува безбедноста.

Власта да не наоѓа изговори за нови отстапки и понижувања.

Јасни се македонските позиции кои ги гарантира Декларацијата која што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а е поддржана од сите партии во парламентот и ништо надвор од неа не смее да биде сторено.

Очекуваме Бугарија во духот на европските вредности и добрососедските политики да не ја попречува Македонија кон ЕУ. Напредокот на државата го заслужуваат граѓаните“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми