ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски џабе редат европски знамиња, се покажа дека ја злоупотребуваат ЕУ секогаш кога сакаат да крадат

Од:

„Владата на Груби и Ковачевски ја злоупотребуваат Европската Унија за да ги оправдаат своите криминали. Редат европско знаме на измени на закони кои немаат никаква врска со европските вредности. Уште еднаш се покажа дека устата им е полна со европска интеграција кога сакаат да крадат од граѓаните. Тоа е врвот на нивното лицемерие. Џабе ги редат европските знамиња, кога длабоко во себе се целосна спротивност на европските принципи и вредности“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Измените на законите кои се поврзани со изградбата на коридорите немаат ништо заедничко ниту со евроинтеграцијата, ниту со европското законодавство, ниту со европските принципи, а Груби и Ковачевски на тоа ставаат европско знаменце за да шверцерски ги протнат во Собранието.

Зарем изедначување на легални и нелегални градби, зарем зголемувањето на работните часови во една недела, зарем исплатата на стотици милиони евра на уште не почната градба, се европски вредности?!

Се распрсна како меур од сапуница декларативното фалење на оваа власт дека се некаков европски фронт. СДС и ДУИ се само обичен криминален фронт кој ги осиромашува граѓаните, кој ја доведува во подредена ситуација Македонија и кој го суспендира македонското право. Тие се единствениот субјект кој ја загрозува иднината на Македонија.

За злоупотребите, за газењето на демократијата и за криминалот, Груби, Ковачевски и нивната банда ќе одговараат. Оваа антиевропска и антимакедонска власт ќе биде поразена од народот во Македонија и потоа ќе следи одговорност и казни“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина