ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Одродената и криминална власта е во паника. Маските се паднати, а нивните лаги и манипулации прочитани. Граѓаните се свесни за нивните антидржавни политики, свесни за распродажбата на националните и државни интереси во интерес на спас на политичката кариера на единствениот политичар аболициран за криминал Зоран Заев.

Уставот, законите, правната држава, името, идентитетот, јазикот и историјата се жртва на личните и бизнис интересите на криминалниот картел на чело со аболицираниот Зоран Заев.

Граѓаните во претседателот Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси, токму овој факт ја плаши одродената и криминална власт.

Целата јавност беше сведок како еднаш веќе аболицираниот Заев повторно беше амнестиран од партиското судство иако сите видовме како тој бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен.

Токму поради тоа единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал ги тера своите партиски послушници да се обидуваат да ги лажат и да ги манипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев.

На Костадинов му истекува времето, тој има уште четири дена да се извини, поради своите клевети кон Претседателот, Христијан Мицкоски, а доколку не го стори тоа ќе добие тужба.

Тој денес повторно ја погреши адресата. Наместо да шири лаги и невистини, Костадинов треба да го запраша својот шеф за колку милиони го зголеми своето богатство тој и неговиот клан откако власта ја презеде СДСМ. Партискиот потрчко треба да праша за колку милиони своето богатство го зголеми газда Кочо и другите партиски и државни функционери кој добија криминални тендери и грантови или можеби и тој е дел од матните бизнис зделки“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

Мицкоски: Владата ќе застане зад договорот за минималната плата

Горан Наумовски

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена и ќе ги надминеме приходите