ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во лице му кажуваат на Заев дека не го бива

Од:

„Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт.

Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива.

Не му завршија работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО. Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата.

Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација.

СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал.

Граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.

На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава