ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните треба да ги знаат со име и презиме предавниците од антимакедонската партија СДСМ

Од:

„Антидржавната СДСМ и предавникот Ковачевски, вчера спротивно на волјата на над 75% граѓани на Македонија кукавички го усвоија предлогот за асимилација на македонскиот народ. 37-мината македонски предавници од СДСМ и коалицијата погазија врз македонската историја и македонскиот идентитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на Република Македонија треба со име и презиме да ги знаат сите предавници кои ја разнебитија македонската култура и македонскиот јазик.

Со предлогот, кои Владата на антидржавната СДСМ го усвои, ќе се изврши бугаризација на македонскиот народ.

Овој предавнички чин кои го направија од антидржавната СДСМ на чело со пиунот Димитар Ковачевски, нема да помини не казнето.

Од што се уплашени предавниците од власта, за да полицијата на „претседателот на државата за криминал“ Оливер Спасовски ги обезбедува 24/7, доколку се убедени дека за тоа што вчера гласаа е исправна одлука и имаат поддршка од граѓаните?

Но, граѓаните треба да знаат и да останат спокојни, бидејќи информацијата која вчера ја изгласаа овие предавници нема никакво значење. Преговарачката рамка е условена со отворање на Уставот на Република Македонија, а за тоа во Собранието се потребни 2/3 мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ ќе залага и за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.

За сите понижувања на државата и македонскиот народ за многу скоро ќе има одговорност за секој еден предавник.

Стоп за предавствата, долу влада!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски