ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се трујат поради неспособноста оваа власт

Од:

„Доказ дека Заев и неговата власт не преземаат ништо за спречување на загаденоста на воздухот е листата од десетте најзагадени градови во Европа, каде што дури Македонија има три, Скопје, Битола и Тетово.

Граѓаните се трујат поради неспособноста оваа власт која не знае да се справи со енормното загадување на воздухот.

На Владата на Заев приоритет и е луксузирањето за кое ќе потроши дури 7 милиони евра, а додека за справувањето со аерозагадувањето само 1,5 милиони евра.

СДСМ на темата аерозагадување калкулира и собира дневно политички поени, тера политикaнство и си игра со животите на нашите најмили.

Оваа власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем, народот знае дека е потребна зората за да ги истераат црнилата.

Затоа ВМРО ги повикува граѓаните денес во Кочани на протестен марш против однародената и криминална власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?