ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сакаат работа и посветеност, а не празно теоретизирање

Од:

„Изговори, најави за дебати и празни флоскули од типот на „цели кон кои се стремиме“ нема да го подобрат стандардот на граѓаните.

СДС е опседнат со уривање, блокирање и укинување. СДС треба да ја надмине оваа опсесија со антиреформи и конечно да почне да работи на реализација на ветувањата кои им ги дадоа на граѓаните.

Тоа што Заев ќе ја урива оградата од владата или ќе ја укине програмата Кембриџ нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата. Тоа што Заев сака да се спаси од одговорност за криминалот со покренување на постапка за смена на Јавниот обвинител нема да им помогне на докторите да добијат плата од 100.000 денари како што им беше ветено.

Со испорачувањето закани за реизбор на судиите, Заев можеби ќе се одмазди за сите пресуди против министрите-криминалци во неговата влада, но тоа нема да им помогне на граѓаните кои бараа продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци. Граѓанската иницијатива беше отфрлена од мнозинството на СДС.

Добро е што СДС се обидува да продолжи дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи парите кои останаа во буџетот се токму за исплата на субвенции, покачени пензии и стипендии.

Граѓаните од СДС очекуваат реализација на новите проекти кои ги ветуваа како поврат на 15% на ДДВ со кој граѓаните ќе добиеле 30.000 денари годишно приход, како што вети Заев.

Повторувањето на грчките црвени линии не им значи ништо на граѓаните кои очекуваат СДС да обезбеди брз влез во ЕУ и НАТО, како што тоа ветија, без притоа да се задира во идентитетски прашања или да се прават договори на штета на македонскиот народ.

Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат, без притоа СДС да измислува изговори за наводни застои за автопатите почнати од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во крајна фаза на градба.

Граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, а не празно теоретизирање и „отворање на дебати“ од кои нема реален бенефит“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовски: Криминалот и корупцијата имаат име и презиме – Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ нуди исти луѓе со исти лаги, време е да замине во историја

Ана Ололовска

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокира Законот за наставници и стручни соработници, упорно работи на штета на граѓаните и образованието

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Мега скандал и шверцерско носење на ребаланс на буџет во Општина Гази Баба на седница која трае 20 часа, градоначалникот Георгиевски штити криминални интереси

Ана Ололовска

Мицкоски: Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ

Ана Ололовска