ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Од:

Изјавите на Филипче во кои го велича Заев, како политичар од кого ,,треба да учиме“, дали тоа е поради суштината на она што Заев го претставуваше, кој остави хаос во институциите и го уништи угледот на Македонија. Македонија се соочуваше со најтешките трагедии, убиствата кај Смилковско Езеро и смртта на Младенов, а Заев ветуваше дека ќе ја обелодени вистината за овие настани. Народот од Заев не доби ниту објаснување, ниту вистина, само предавства на секое поле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче да каже дали е тоа политичкиот пристап што го нарекува „пример од кој треба да учиме“? Дали Филипче мисли на празните ветувања на Заев, на масовните корупциски скандали, непочитувањето на институциите или на распроджбата на националните интереси? И после се ова Филипче да даде одговор на јавноста дали е спремен да ја сноси одговорноста од политичкиот багаж на Заев? Кога лидер на партија која успеа да ја крахира државата, и се повикува на фигура како Заев, мора да даде објаснување на јавноста на што точно мисли.

И ако веќе Филипче сака јавно да се позиционира како наследник на Заев, граѓаните треба да знаат дали ги чека продолжение на истата приказна, само со нова маска. Или Венко Филипче само користи емотивно наелектризирани теми за да добие подобра политичка позиција. Дали Филипче ќе ја занемари одговорноста и довербата на граѓаните заради личен или партиски интерес? Сепак тоа е одлика по која СДС се препознатливи. СДС повторно се обидуваат да манипулираат, и да изградат „реформиран“ имиџ. Наместо правда, граѓаните добија партизација на институции, непотизам, и корупциски скандали. СДС го искористи своето време на власт за личен и партиски интерес, оставајќи ја државата послаба, поделенa и обесхрабрена. Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“, човек под чие раководство Македонија западна во најдлабоки кризи од својата независност. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата