ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не го живеат „ветениот живот“

Од:

Граѓаните од економските политики на СДСМ добија само раст на даноците. Поради економските политики на СДСМ над 60.000 граѓани ги изгубија своите работни места. СДСМ не презеде соодветни мерки за да се заштитат работните места на граѓаните велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 6.200 фирми се затворија, а над 500.000 граѓани преживуваат дневно со едвај стотина денари. Според најавите на НБРМ Македонија има зголемена инфлација, тоа значи зголемување на цените на производите, покачување на цените на енергенсите. И во период кога бизнис секторот е оптоварен со катастрофални економски политики, во период кога граѓаните живеат се потешко и потешко, СДСМ најавува зголемување на даноците. За жал трендот на антипазарна и антиделовна политика на оваа Влада продолжува“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат