ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија станаа жртви на лошите политики на неспособната влада на СДСМ

Од:

„СДСМ ја зароби државата. Република Македонија назадува и на економски и на политички план. Граѓаните го плаќаат цехот и на свој грб ја чувствуваат неспособноста на Заев и врхушката околу него.

Корупцијата цвета, економијата тоне, капиталните проекти се во застој, а правосудните органи работат исклучиво по диктат на Зоран Заев.

Катастрофални политики на економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев ја забетонираа македонската економија на дното на Европа со 0% раст. СДСМ за 10 месеци ја задолжи државата за 1,6 милијарди евра, а граѓаните не видоа ниту еден единствен проект.

Додека сите економски индикатори бележат пад, расте корупцијата. Според индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“, Република Македонија е последна во регионот и се најде на 107 место во друштво на земји како Танзанија, Замбија и Тимор.

Планот за реформи 3-6-9 доживеа тотално фијаско. Правосудните органи се целосно заробени, а Уставот и демократијата погазени. Наместо професионална администрацијата добивме партизирана, институциите наместо на граѓаните и служат исклучиво на власта.

СДСМ за ја дефокусира јавноста од катастрофалните политики ги користи заробеното судство и обвинителство за прогон против политички неистомисленици. Десетици невини граѓани се жртва на политички прогон од страна на власта само затоа што си ја сакаат државата и не се согласуваат со политиките на Зоран Заев.

Животот кој го ветуваа се претвори во беда, заложништво и несигурност. Граѓаните и Република Македонија станаа жртви на лошите политики на оваа неспособна власт.

Оваа беззаконие и уништување на државата мора да запре. Државата не смее да биде заложник на Зоран Заев. СДСМ не може да обезбеди ниту праведност ниту економски раст. Граѓаните заслужуваат правна држава со стабилни институции. Тие заслужуваат економија која расте и нуди перспектива. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа влада мора да падне“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците