ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС

Од:

„Со парите што владата на СДС ги потроши, 350 милиони евра, по основ на задолжувања и трошење на девизни резерви можеа да се изградат 11.600 километри водоводна мрежа во Македонија. Парите се потрошени, а нема ниту еден километар изградено.

Просечната вредност на 1 километар водоводна мрежа, која ВМРО-ДПМНЕ ја изгради, изнесува 30.000 евра.

СДС и Заев наместо расипнички да потрошат 350 милиони евра граѓански пари, можеше да изградат околу 11.600 километри на водоводна мрежа низ Македонија.

СДС не изгради ниту еден.

Граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 350 милиони евра, владата на СДС и Заев ги потроши за сопствени луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња, набавка на апетисани и службени патувања во странство, вработувања на партиски послушници и матни ликови.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Крајот на ова недомаќинско работење на владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври. Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните