ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат право да знаат дали Заев е подготвен на отстапки во однос на идентитетските одредници како јазикот, нацијата и меѓународните кодови

Од:

„Процесот на разговори околу проблемот што го има Република Грција со нашето име не е прашање кое го засега само Премиерот Зоран Заев или членовите на Владата на Република Македонија. Прашањето ја засега Република Македонија и целиот народ.

Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека била прифатлива географска одредница, но не кажа во чие име говори и која е таа одредница што за него е прифатлива. Не кажа ниту кој би бил опсегот на употреба, а премолчи и околу тоа дали станува збор само за географска одредница која би била за меѓународна употреба или тоа значи промена и на Уставот, односно уставното име, националноста и јазикот. Исто така, остана неодговорено и прашањето дали оваа географска одредница би имала англиска транскрипција или не.

Во вакви околности, кога се кријат останатите детали, крајно несериозно и многу опасно е јавното лицитирање со одредниците кои се прифатливи. Настапот на Премиерот Заев може да има сериозни последици по целиот процес и драматично да ги наруши македонските преговарачки позиции.

Тој е прв човек на Владата на Република Македонија и мора да биде свесен дека неговите настапи не се настапи само во негово лично име или во име на СДСМ.

Граѓаните се интересираат и имаат право да знаат дали освен подготвеноста на Заев за географска одредница, тој е подготвен и на отстапки во однос на идентитетските одредници како јазикот, нацијата и меѓународните кодови.

Премиерот Заев беше повикан од грчкиот министер за надворешни работи да ја информира македонската јавност во врска со договорот кој што го постигнале со Премиерот Алексис Ципрас во Давос. Македонската јавност очекува да слушне што точно прифатил Заев на средбата во Давос. Доколку не бил постигнат договор во Давос, информациите кои се лиферуваат од грчка страна треба да бидат демантирани, за да не се вознемируваат граѓаните.

Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема иредентизам во актуелните имиња и добро би било граѓаните да слушнат дали одлуката на владата е дел од некоја поширока стратегија или повторно станува збор за еднострани постапки од кои Република Македонија нема никаква корист“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче