ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и по една недела не знаат што договорил Заев во Софија

Од:

„Помина една недела од посетата на Заев на Софија во која како што самиот рече ги усогласил сите точки од договорот со Бугарија, а од потпишувањето го делело само едно обично кафе пиење, но граѓаните се уште не знаат што Заев договарал и што ветил.

Заев во текот на изборната кампања постојано зборуваше дека новата Влада ќе биде транспарентна, ќе отвора експертски дебати за сите позначајни општествени и државни прашања и ќе ги консултира граѓаните на јавни расправи, за сега да гледаме дека ништо од тоа не е пракса.

Заев од Софија кажа дека ќе има бришење на одредени термини од историјата на Република Македонија, без да каже кој ќе одлучи што ќе се брише.

Заев од Софија ја обвини сопствената држава, чиј Премиер е, за ширење на национализам и омраза, без да каже кон кого тоа и кога Република Македонија ширела национализам.

Додека Заев ја обвинуваше Република Македонија за национализам, не одвои време за осуда на изјавите на Божидар Димитров кој е радосен на фактот што Заев кажал дека Македонците и Бугарите се ист народ, за кого македонскиот јазик е бугарски дијалект, а потпишувањето на договорот за добрососедство ќе значи крај за македонизмот.

Што знае Димитров, а македонските граѓани не знаат? На што се согласил Заев за да Димитров биде цврсто убеден дека исполнувањето на истиот ќе значи крај за македонизмот?

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е за градење на добрососедски односи, со сите наши соседи, базирани на взаемно почитување, но никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски