ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и денес од 19 часот, уште помасовно да се приклучат на протестот и да кажат Ултиматум, не благодарам!

Од:

„Власта на СДСМ и ДУИ ја силуваат волјата на граѓаните и свесно сценираат инциденти. Еднаш тоа го прават преку уфрлени провокатори на протестите, друг пат преку вооружени инциденти за кои полицијата не реагира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта е јасна. Да го заплашат и одвратат народот од гласното и масовно противење на нивната анационална политика. Впрочем сценариото на власта се гледа во изјавите на Бујар Османи, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски кои најавуваат меѓуетнички тензии и даваат милитантни контексти. Но тоа не им поминува. Прочитани се. На народот му е јасно дека криминогената власт само заради фотелји и функции е спремна на се.

Народот масовно, достоинствено и гласно кажува НЕ на уцените, ултиматумите и асимилацијата која власта на СДСМ и ДУИ сака да им ги наметне. Оваа власт колку повеќе го притиска својот народ, толку помасовни се протестите “Ултиматум, НЕ благодарам“. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваа овие сенародни протести и затоа повикува и денес уште помасовно, помотивирано и мирно и достоинствено да го дигне својот глас против понижувањата и асимилацијата која оваа власт е спремна да ја направи.

Затоа ги повикуваме граѓаните и денес во 19 часот уште помасовно да се приклучат на сенародниот протест, да не потпаѓаат на провокациите на власта, да се упатат од платото на Владата, преку министерството за правда кое Уставот го направи желботека, до Собранието и таму да го кажат гласно Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски