ВМРО-ДПМНЕ: Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки

Од:

„Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки. Сметка од околу 30 илјади денари за еден ден направил командирот на противпожарната единици поставен од Шилегов, а како причина навел прослава за купување на противпожарната скала, тоа е истата онаа скала која град Скопје ја купи 1.7 милиони евра, односно двојно поскапо од град Загреб“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметки скапи во сред кампања по кафани правела и Љубица Јанчева, која на 22 октомври во елитен ресторан на Кејот на Вардар потрошила 39.700 денари.

Функционерите на СДСМ трошеле на телешки бифтеци, морски плодови и разни други скапи специјалитети.

Со парите на народот се плаќа луксузот на функционерите од СДСМ. Сега веќе не можат на грбот на скопјани да се гоштеваат по кафеани и затоа е паниката и нервозата во нивните редови кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ