ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДСМ во Дојран и Василево треба да се во затвор, а не кандидати

Од:

„Градоначалниците на СДСМ од Дојран и Василево треба да се во затвор, а не кандидати, а Смилевски од Бутел да конкурира за Пинокио“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Анго Ангов градоначалник на Дојран и Марјан Василев градоначалник на Василево се фатени и документирани како вршеле поткуп за време на минатогодишните избори. Ангов и Василев требаше до сега да имаат завршен случај, а тие наместо како кандидати да се јавеа на главна капија во Идризово.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски може не се истакнал колку своите колеги Ангов и Василев, но затоа се истакна во лажење.

Смилевски вети и не направи водовод во Љуботен. 4 години подоцна од локалните избори во 2017 година, Љуботен е уште без вода.

Бутелчани се лекуваат во поствоени бараки. Смилевски вети поликлиника, а луѓето уште газат во кал кога ќе заврне дожд и сакаат да идат на лекар.

Смилевски вети многу, а не направи ништо. Наместо за градоначалник нека конкурира за пинокио, можеби затоа ќе го изберат, зошто за градоначалник не поминува.

Време е кадрите како Ангов, Василев и Смилевски да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ