ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти

Од:

„Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти. Градоначалниците на Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип, Делчево, Берово, немаат отчети затоа што не направиле ништо. Една година се на власт, а дел од нив и втор мандат, а општините кои ги водат се застанати во времето“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалниците од СДС, се исти како и дезертерот Ковачевски и неговата неработлива и неспособна влада.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ има реализирано проекти од над 120 милиони евра. Тоа е скоро колку што цела влада има направено со многу поголем буџет.

Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата, образованието, културата и спортот. Општините се претворени во сервис на граѓаните, а градоначалниците се помеѓу народот.

Граѓаните јасно ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, затоа и победата ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе биде уште поубедлива“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски